Владата предлага поништување на лустрацијата, лустрираните ќе можат да ја тужат државата

„Со овој закон, се исправа една долгогодишната неправда направена кон лицата кои беа жртви на постапките пред Комисијата за верификација на факти и други надлежни органи, за кои јавноста беше запознаена и преку случаите на нарачаните лустрации“, велат од Министерствто за правда

465

На денешната седница, Владата го усвоила предложеното законско решение на Министерството за правда со кое одлуките од лустрацијата и правните последици ќе станат ништовни. Станува збор за предлог – закон за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација.

„Со овој закон, се исправа една долгогодишната неправда направена кон лицата кои беа жртви на постапките пред Комисијата за верификација на факти и други надлежни органи, за кои јавноста беше запознаена и преку случаите на нарачаните лустрации, споменувани во објавените телефонски разговори. По сила на овој закон, во целост стануваат ништовни сите правни акти, дејствија и мерки донесени односно преземени од Комисијата за верификација на фактите  и други надлежни органи. Воедно,  со овој закон во целост стануваат ништовни сите правни последици што ги произвеле правните акти, дејствија и мерки“,објаснуваат од Министерството за правда.

Од Министерството велат дека оштетените лица од  донесени акти и одлуки на Комисијата за верификација на фактите и други надлежни органи или нивните наследници, доколку тие се починати, имаат право на надомест на штета со поднесување на тужба пред надлежен суд против Северна Македонија, согласно одредбите од Законот за облигационите односи, во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на овој закон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...