Владата поништи решенија за распоредување и наредби во МВР потпишани од Чулев

Поништени се решенијата од 14.02.2020 година со кое Ивана Китановска се распоредува на работно место соработник систем специјалист во Одделение за заеднички работи во РЦ за ГР Исток во Бирото за јавна безбедност, од 14.02.2020 година со кое Виолета Веселиновска се распоредува на работно место виш инспектор за гранични проверки во РЦ за ГР Исток во БЈБ и решението од 06.02.2020 година со кое Aлександар Матовски се распоредува на работно место полицаец во ПС од ОН Тетово, СВР Tетово во БЈБ.

500

Владата на денешната седница  донесе одлука за поништување на решенијата за распоредување на работно место и наредби за извршување работи и задачи донесени од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Како што соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, поништени се решенијата од 14.02.2020 година со кое Ивана Китановска се распоредува на работно место соработник систем специјалист во Одделение за заеднички работи во РЦ за ГР Исток во Бирото за јавна безбедност, од 14.02.2020 година со кое Виолета Веселиновска се распоредува на работно место виш инспектор за гранични проверки во РЦ за ГР Исток во БЈБ и решението од 06.02.2020 година со кое Aлександар Матовски се распоредува на работно место полицаец во ПС од ОН Тетово, СВР Tетово во БЈБ.

Владата ја поништи и наредбата од 17.02.2020 година со која Вице Столески се задолжува да извршува работи и задачи од работното место началник на Одделение за информациска безбедност, Сектор за безбедност на информации, Оддел за односи со јавност и стратешки прашања, во Организациони единици за потребите на Министерството, како и наредбата од 17.02.2020 година со која Зоран Јанаќијев се задолжува да извршува работи и задачи од работно место Командант на Единица за брзо распоредување во Одделот за специјални полициски операции во БЈБ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...