Владата одобри 6 милиони денари, првична помош за Албанија

167
Photo: EPA / MALTON DIBRA

Првична финансиска помош во висина од 6 милиони денари за санирање на последиците од земјотресот во Албанија, е одлуката која владата ја донесе на денешната седница.

– Како дополнување на помошта за Албанија, кон оваа земја веќе се упатени и тимови за спасување составени од 30 стручни лица кои ќе учествуваат во акциите за спасување и прва помош за граѓаните во настраданите подрачја. Во оваа првична помош е вклучен и посебен тим со механизација која ќе се ангажира во координираните акции за спасување, соопшти владата.

Фото: EPA/MALTON DIBRA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...