Северна Македонија е секуларна држава и Владата не се меша во работата на верските заедници, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со вчерашните превирања во Исламската верска заедница.
За обвинувањата на реисот Сулејман Реџепи упатени кон Владата, Бошњаковски истакна дека Владата осудува говор на омраза, како и секогаш досега и додаде дека институциите што се вклучени во одредени проблематики што се случуваат во ИВЗ ќе го дадат и својот збор во дадено време.
Пробемот ескалира вчера попладне кога со одлука на судот за нов поглавар на ИВЗ беше назначен Скендер Бузаку, кој најави дека од денеска го презема раководењето со верската заедница и дополни дека тој ја има повикано финансиксата полиција да ги детектира неправилностите во работата на раковдните тела на ИВЗ. На тоа реагираше Ријасетот на ИВЗ и лично реисот Реџепи, обвинувајќи ги Комисијата за верски заедници и владата за грубо мешање во нивната работа.