Владата нема да толкува одлуки на Уставен суд во ниту една ситуација, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментираат одлуката на уставните судии за отфрлање на иницијативата за оспорување на референдумот.
– Тоа што го имавме ние за референдумот го искажавме повеќе пати. Сметаме дека тоа е највисокото демократско право на еден граѓанин во една слободна демократија – рече Бошњаковски.