Владата нема да бара одговорност од министерот за здравство, Венко Филипче.
„Во одговорот на новинарско прашање во однос на истрагата којашто ја води Основното јавно обвинителство за набавката и употребата на МРП вакцината, портпаролот на Владата не го споменува името на министерот Филипче“, вели владината прес служба.