Владата на Џонсон ќе се согласи со амандман на опозицијата заради избори

112
ФОТО: EPA / STEPHANIE LECOCQ

Владата на британскиот премиер Борис Џонсон ќе се согласи со амандманот кој го вложија опозициските партии за да се одржат избори на 11 декември, јави денеска Би-Би-Си повикувајќи се на неименувани извори од Кабинетот на Џонсон.

Тој вчера рече дека ќе се обиде да го „протурка“ во Парламентот законот за одржување избори на 12 декември, но противниците сакаа порано.

Британскиот премиер, кој вети дека Брегзит ќе се случи на 31 октомври по секоја цена, повеќе пати бараше да се одржат избори за да се заврши, како што наведе, „кошмарот со парализата која ја одзема довербата на јавноста, спречувајќи секаков исход од Брегзит“.

– Нема да дозволиме оваа парализа да продолжи и на еден или друг начин мораме да одиме директно на избори – рече Џонсон вчера во Парламентот.

– Овој дом (Долниот дом на британскиот парламент) не може да ја држи оваа земја како заложник – рече Џонсон.

Првите божиќни избори во Британија од 1923 година ќе бидат многу непредвидливи, гласачите ќе имаат избор меѓу Џонсон кој се залага за Брегзит и лидерот на Лабуристите Џереми Корбин кој се залага за повторно преговарање за договорот пред референдумот.

ФОТО: EPA / STEPHANIE LECOCQ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...