Владата најде пари за нова Универзална и за спомен обележје на Тоше Проески

Програмата е со буџет од 117,5 милиони денари, и, меѓу другото, ќе бидат алоцирани во проектите како што се Реконструкција со доградба и надградба на конгресен центар Универзална сала – Скопје, изградба на Спомен обележјето на Тоше Проески...

1132
20150911 Friday 1006 univerzalna zala sala universalna

Владата денеска ја усвои програмата за реализација на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за капитални инвестиции во единиците на локалната самоуправа.

Програмата е со буџет од 117,5 милиони денари, и, меѓу другото, ќе бидат алоцирани во проектите како што се Реконструкција со доградба и надградба на конгресен центар Универзална сала – Скопје, изградба на Спомен обележјето на Тоше Проески, изградба на Дом на култура во Општина Боговиње, реконструкција и адаптација на културен „Шота“ во селото Неготино, Општина Врапчиште, за ентериерно уредување на објект киното „Манаки“ во Битола, и други капитални проекти во културата во единиците на локалната самоуправа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...