Владата денес ќе одлучува околу задолжувањето за нов Клинички

238

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 82. седница на која ќе ги разгледа информациите за склучување Договор за доделување финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции со повеќе компании во Република Македонија.

Министрите во Владата денеска ќе го разгледаат Предлог – законот за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за финансирање на Проектот за изградба и модернизација на клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје и регионалната клиничка болница во Штип.

На предлог на Министерството за надворешни работи на денешната седница ќе биде ставена на дневен ред Информацијата за актуелните состојби и поважни политики на ЕУ во 2017 година, на Министерството за правда е предлагач на Информацијата за реализација на Договорот меѓу Република Македонија и ЕВРОПРАВДА (EUROJUST).

На денешната седница на Владата ќе биде разгледана и Информацијата за Ревидираниот Оперативен план за активни програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година, со ревидиран Оперативен план, како и Информацијата за Акцискиот план за формализирање на неформалната економија во Република Македонија 2018-2020 година, со Акциски план за формализирање на неформалната економија во Република Македонија 2018-2020, Предлог-одлука и Предлог-решение.

Владата денеска ќе ја разгледа и Информацијата со Извештај за напредокот во спроведување на Проектот – Регионален портал на трговски регистри на Југоисточна Европа.

Министерство за животна средина и просторно планирање за денешната седница ја предлага точката Информација за напредокот и спроведувањето на Програмата за реформи на единиците на локална самоуправа во областа на животната средина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...