Владата демантира дека премиерот Зоран Заев ја пријавил за вознемирување мајката на исчезнатото момче Пино, Маја Трпковска, како што таа вчера обвини на протест во Скопје на кој уште еднаш побара поицијата да го пронајде нејзиниот син.
– Не е точно дека премиерот ја пријавил Маја Трпковска. Единствено е точно дека госпоѓата испраќала пораки, по што јавно го објавила телефонскиот број на премиерот, но не била пријавена ниту за вознемирување, ниту за било што друго – велат од Владата за Плусинфо.