Владата го усвои Предлог-законот за попис кој ќе се спроведе со комбиниран метод

460

Претстојнито попис, планиран да се реализира од 1 до 21 април 2020 година, ќе се спроведе со комбиниран метод, односно користење на податоци од претпописната база на податоци и прибирање на податоци од терен, т.е. лично попишување на сите единици на Пописот, соопшти владината прес-служба.

Ова денеска било утврдено на 137 седница на Владата, а на Собранието му е предложено текстот на Предлог-закон за Попис на населението, домаќинствата и становите за 2020 година да го усвои, со што, како што појаснуваат, ќе се создадат услови за забрзани подготовки на овој долгоочекуван Попис.

– Во предлог-текстот на Законот се утврдени методолошките основи на претстојниот Попис, како и организациско-техничките специфики на оваа најголема статистичка операција. Новина во овој Попис е користењето на лаптопи наместо хартиени обрасци што во голема мера го забрзува процесот на обработка и објавување на прибраните податоци – појаснуваат од Владата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...