Владата синоќа ги усогласи основните принципи за пописот што ќе се одржи во март 2020 година, изјави вицепремиерот Бујар Османи.
– Очекуваме тоа да помине денеска на Влада, бидејќи ќе треба уште некои технички детали на самата седница да се усогласат но сметам, дека ќе успееме денеска да го усвоиме законот на владина седница – рече Османи.
Според информациите, СДСМ и ДУИ се договориле граѓаните при пописот да се изјаснат и за етничката припадност. Освен етничката графа, усогласено е и да се попишуваат ислениците кои се повеќе од една година надвор од државата, но тие да влезат во вкупното население. Пописот ќе го спроведе Заводот за стстистика и за разлика од последниот неуспешен попис во 2011 година, ќе нема пописна комисија, која беше политичко тело
Последниот успешен попис се оддржа во 2002 година.