Владата го отфрли барањето на ДКСК – нема да поведе постапка против Анѓушев

Според Антикорупциската комисија, вицепремиерот за економија, кој има бизнис со акумулатори, присуствувал на владината седница на која била усвоена одлуката да се намали царината на литиумските батерии за акумулатори

1248

По информацијата за поднесената иницијатива на Државната комисија за спречување на корупција за поведување постапка за утврдување одговорност на вицепремиерот  задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, на денешната владина седница е утврден одговорот на владата кој ќе биде испратен до ДКСК.

Во текстот на одговорот се наведува дека точката Предлог-одлука за укинување на царинската стапка за електрични јон-литиумски акумулатори била повлечена од 29.  седница на Владата на 26 септември и повторно била вратена на усвојување на 36. седница на 7 ноември, откако во меѓувреме Анѓушев со писмен поднесок ја информирал владата дека се иззема од учеството за донесување на предлог-одлуката.

Во образложението за оваа точка утврдено на оваа седница се истакнува дека членовите на владата немаат неограничени овластувања и моќ и дека нивните поединечни овластувања се контролирани од владата како колективен орган, согласно Уставот и Законот за Влада. Ставот на владата е дека во овој случај не е утврдена повреда на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, поради што нема правен основ за поведување одговорност.

Минатиот месец, Антикорупциската комисија побара од владата да поведе постапка против вицепремиерот Анѓушев за владината одлука да се намали царината на литиумските батерии за акумулатори. Според ДКСК, Анѓушев, кој има бизнис со акумулатори, присуствувал на седницата на која била усвоена одлуката и не се изземал од вториот дел на постапката, односно учествувал во расправата и давал предлози.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...