Владата ги кани граѓаните на заедничка прослава за независноста на 8 септември

336

Денот на независноста – 8 Септември, и оваа година, Владата и граѓаните ќе го прослават на отворено, во дворот односно паркот покрај владината зграда.

Во сабота во 18 часот, најмладите со нивните семејства ќе се забавуваат со програмата што за нив ја подготвува Петко и 5+ Бенд.

Забавно-музичкиот дел за возрасните ќе го отвори Огнен Узуновски – Оги со дџ сет кој ќе започне во 19 часот.

Програмата под отворено небо, во дворот на Владата, потоа ќе продолжи со музиката на оркестарот на Македонската филхармонија, заедно со Тамара и Тијана, кои ќе ги изведат најубавите македонски евергрини, со почеток во 19.30.

Во 20.35 ритамот на празничната прослава ќе го засилат Македонската филхармонија и маестро Џијан Емин со проектот „Оригинатор“ на продуцентот на електронска музика, Хуан Аткинс.

Во завршницата на музичката програма вечерта ќе настапи и познатиот домашен ДЏ, Феки Фарис.

На настанот ќе се обрати и Претседателот на Владата на Република Македомнија, Зоран Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...