Владата на денешната седница, го усвои финалниот текст на предлог амандманите на уставот и ги испрати до Собранието.
Со измените во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36 од Уставот.
Се прават измени во преамбулата, каде одлуките на АСНОМ се заменуваат со прогласот на АСНОМ и се додава Охридскиот договор.
Во текстот на четвртиот амандман пишува дека Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави, а се грижи за дијаспората на македонскиот народ и на другите заедници и ги негува и унапредува врските со татковината.
За уставните измени во Собранието треба да се гласа на 15 јануари, а за нивно усвојување потребно е двотретинско мнозинство.