Владата вечерва ќе заседава во Тетово

262

Владата вечерва во Тетово ќе ја одржи 165. седница. Пред одржувањето на седницата ќе има и министерски теренски активности.

Како што соопшти владината прес-служба, министрите за транспорт и врски и за економија, Горан Сугарески и Крешник Бектеши, и директорите на Јавното претпријатие за државни патишта и на ЈП Македонија пат, Зоран Китанов и Беким Мемеди ќе направат увид во реконструкцијата на транзитот низ Тетово, регионалниот пат Тетово – Јажинце.

Министерот Бектеши ќе ја посети  компанијата „Федер Бау“ во Индустриската зона Тетово. Државниот секретар на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Нефрус Челику ќе направи увид во градежни работи на системот за наводнување Равен – Речица кај селото Топлица.

Министерот за здравство Венко Филипче ќе го посети Клиничкиот центар во Тетово, а министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска ќе ја посетат пекарата „Ремини“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...