Владата брза да формира Антикорупциска комисија пред претседателските избори

176

Политичките партии имаат забелешки за надлежностите на Антикорупциската комисија.

– Пред сѐ, во дуплирање на надлежностите на Државниот завод за ревизија и Управата за јавни приходи во однос на нивното работење. Овие забелешки се легитимни, на владата ѝ се брза во носење на овој закон, затоа што за кратко време ќе бидат објавени претседателските избори, на почетокот на февруари и сметам дека не е добра порака пред Брисел уште едни избори да спроведеме без антикорупциска комисија. По донесувањето на законот допрва треба да се објави оглас за избор на членови на Комисијата, а сето тоа има свои законски рокови – рече денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Омани.

Поднесен е предлог закон за спречување на корупцијата и судир на интереси, на кој Владата му стави европско знаменце, зашто се носи согласно препораките на Европската комисија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...