Владата бара чаре да го рестартира Тутунски од Куманово

414

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за имотот кој припаѓал на должникот Тутунски комбинат “Боро Петрушевски Папучар АД” од Куманово со цел да се испитаат можностите за рестартирање на комбинатот, соопшти Владата.

– Владата на денешната седница ги задолжи Управата за јавни приходи и Агенцијата за управување со одземен имот, во договор со доверителите и сопствениците на имотот, или на дел од него, да влезат во процес со кој ќе ги уредат меѓусебните односи во постапката со која треба да се создадат услови за продажба на вкупниот движен и недвижен имот на потенцијалните инвеститори – стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...