Владата на денешната 63. седница го задолжи Министерството за економија да ја продолжи постапката со која од концесионерот „Еуромакс“, за експлоатација на минерални суровини бакар и злато на локалитетот Иловица, се бара комплетирање на документацијата.
За оваа своја иницијатива Владата се повикува на известувањето на Министерството за економија од 2016 година до „Еуромакс“ во кое се бара од концесионерот, до одреден период, да ја комплетира документацијата како обврска од договорот за концесија, и го информира дека, меѓу другото, не се доставени доказ за решени имотно-правни односи во делот на земјиштето на кое ќе се врши експлоатацијата, како и решението за одобрување на студијата за оцена на влијанието на животната средина, а направени се и други повреди на договорот.
Согласно договорот за концесија, неподнесувањето на само овие два документа се доволни за да отпочне постапката за преиспитување на почитувањето на договорот, и затоа Владата на РМ на денешната седница го задолжи Министерството за економија во рок од 7 дена да достави информација дали во меѓувреме е комплетирана документацијата, по што ќе биде донесен соодветен заклучок.