Светската карате-федерација (ВКФ) е разочарана од веста дека каратето нема да биде вклучено во програмата на Олимписките Игри за Париз 2024 година.
– Во последниве неколку месеци, заедно со Француската федерација работевме за да ја постигнеме нашата цел да бидеме вклучени во Париз 2024 година. Бевме уверени дека ги исполнивме сите барања и дека имаме совршени услови да бидеме додадени во спортската програма. Денес дознавме дека нашиот сон нема да се оствари – рече претседателот на ВКФ, Антонио Еспинос.
Тој додаде оти „уште еднаш, мора да се подигнеме брзо и да продолжиме со работа како што секогаш правиме“.
– На овој начин ние сме способни да имаме Федерација и спорт на кој сите треба да бидеме горди. Затоа, јас сметам на вашата поддршка и соработка како и секогаш – рече Еспинос до милионите следбеници на карате.