Вкусот на Скопје: од кебапи до макаронси и вафли

„Некогаш, свежо приготвеното, чисто месо (под услов да е со добро потекло) ќе биде поздраво од ‘здрав’ мусли-бар полн со шеќери и конзерванси. Како и да е, ниеден екстрем не е добар. Најдобро е умерено да се консумира од сѐ по нешто и секој да ужива во она што му одговара“, вели Огнена Васиљевиќ од агенцијата ‘Моментум’ која е организатор на настанот „Вкусот на Скопје“.

2005

На 18.и19.мај Скопје конечно ќе добие своја интересна гастро зона, која во иднина би требало да стане традиција и место за најубаво и највкусно дружење, но пред сѐ, место на кое ќе може да ги почувствуваме најфините, заводливи вкусови и мириси од кујните на најдобрите локални ресторани и сендвичари.

Местото на настанот е Градскиот парк во Скопје кадешто учесниците ќе ги постават своите штандови со храна.

Ова е прв фестивал за улична храна во Скопје (иако имаше најава за еден минатата година, но тој беше одложен и нема ништо заедничко со „Вкусот на Скопје“ и со организаторот „Моментум“) и секако, заслужува место на нашиот портал. Повеќе за фестивалот дознавме од Огнена Васиљевиќ, претставник од „Моментум“.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...