„Вклучи се за промена“ во Градскиот парк во Скопје

285

Во рамки на проектот „Вклучи се за промена“ вечерва со почеток во 19 часот во кафе-барот „Централ парк“ во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи завршниот настан.

На настанот, средношколците од трите средни училишта кои беа вклучени во проектот ќе ги претстават своите иницијативи, активностите и постигнатите резултати.

Дополнително, наставниците кои заемаа учество во проектот како капитени на училишните тимови, преку кратка панел дискусија, ќе ги споделат своите искуства и ќе говорат за важноста од ваков тип на иницијативи за развојот на средношколците и образовниот процес.

На отворањето на настанот поздравно обраќање ќе има Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт, која еподдржувач и донатор на проектот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...