Вклучен шпорет запали кат од куќа

800

Во Скопје на улица „Ѓорги Поп Христов“ синоќа во пет минути до полноќ настанал пожар на првиот кат од куќата на С. С. (72).

Според првичните наоди, најверојатно причина за  пожарот е заборавен вклучен шпорет во кујната. Пожарот го забележале соседите од вториот кат Ф.M (20) и М. M(28), кои ја разбудиле и извадиле С.С. надвор.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за против пожарна заштита во 00.20 часот. Заради вдишувањето поголемо количество чад, на Ф.М.и М.М. им била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар-Мајка Тереза, по што се пуштени на домашно лекување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...