Вишокот на храна ќе се распределува со закон

257

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои информацијата за изготвување закон за донирање на вишокот на храна.

Како што соопшти владината прес-служба, министерствата за труд и социјална политика и за локална самоуправа се задолжени, а на ЗЕЛС му се укажува, во рок од 15 дена да изградат заеднички став во однос на дефинирање корисници на храната што ќе биде донирана, односно определување критериуми кои треба да ги исполнуваат корисниците на храна која ќе биде донирана, како и да изградат заеднички став во однос на мониторинг на распределбата на вишокот на храна до крајните корисници.

Агенцијата за храна и ветеринарство има рок до 5 август до Владата да го достави Нацрт-законот за донирање на вишокот на храна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...