Викендот е време малку да одмориме од политика. Еве малку вицеви за добро расположение. Поголем дел се од колекцијата на мојот неуморен ФБ пријател Петар Бендовски.
Мелодрама
– Здраво, драги! Што правиш?
– Си пуштив филм.
– Пак ли некоја мрснотија?!
– Не, мелодрама, германска… За сиромашна девојка на која во бањата ѝ се расипува тушот и доаѓаат да ѝ помогнат тројца водоводџии.
Изненадување
– Мажу, што сакаш за ручек?
– Не знам, изненади ме.
– Бремена сум.
Во трафика
– Дај ми ребраст ХХЛ.
Таа му вади кутија со кондоми.
– Госпожа, чипс барав, чипс.
Финта
– Што мака имате?
– Докторе, ме боли главата.
-Тие финти на мажот да му ги кажеш.
Поштените жени
– Поштените жени си доаѓаат на време дома.
– А другите?
– Другите не носеле саат.
Прекар
Ја прескокнал бикот оградата и ѝ се пушта на кравата. Таа учтиво се преставува:
– Јас сум крава Музара, а прекарот ми е Гузара!
Бикот одговара:
– Јас сум бик Рудоња, а прекарот ми остана на ограда!
На гинеколог
Три млади трудници на гинеколог, да го утврдат полот на бебето. Гинеколот објаснува:
– Има начин како тоа да го дознаете и без ехо. Сѐ зависи од позата во која е правено бебето …
– Јас бев врз него – вели првата.
– Тогаш бебето е женско.
– Јас бев под него – објаснува втората.
– Машко.
Третата почнала да плаче на цел глас.
– Лелееее… Моето ќе биде кученце!
Пол
Бремена плавуша оди да го провери полот на идното дете.
– Ќе имаш син – вели лекарот.
– Не прашувам каква ќе биде бојата на бебето, туку дали ќе биде машко или женско!
Блажо на море
Блажо истегнат на плажа у Хрватска, а до него расна Словенка со истетовирани две срциња на задникот. Блажо ѝ вели:
– Тии, сеа да имаш уште едно срце и че бидиш ѓоа Раденска три срца.
– Би ли ме тад попио на екс?
– Не, че те затнам да не изветреиш!
Изглед
– Женет си?
– Не… Само така изгледам, измачено.
Запoзнавање
– Тато, тато, како се запознавте со мама?
– Па се сретнавме случајно на улица. Таа ме погледна, се насмевна и ми рече – ти ќе ми бидеш дечко.
– А ти?
– Па, јас тогаш многу пушев… По 200 метри се задишав и таа ме стигна.
Женски работи
– Жено, излегувај од дома… Земјотрес!
– Немам што да облечам.
Опаѓање на косата
Цветко му се жали на лекарот:
– Докторе, почна да ми паѓа косата, имате ли нешто за да ја зачувам?
– Ако сакаш, имам една картонска кутија.
Амди и Елвис
Го прашува Елвис татка си Амди:
– Која е разликата меѓу бесплатно и џабе?
Амди објаснува:
– Е па види вака… Ти бесплатно одеше на училиште, ама џабе.
Преку ред
Редица од луѓе.
– Извинете, може јас преку ред, само да прашам нешто?
– Дечко, банкомат е ова.
Сон
Синче Влавче му вели на татка си:
– Тато, сонував дека си ми дал 1.000 денари.
– Да ми ги вратиш, сине…