Витаминот важен за спречување на тешки видови на рак, можете да го внесете многу лесно

Истражување спроведено на угледниот американски универзитет Brown во кој се вклучени резултатите од две претходно спроведени опсежни студии, покажало дека секој за своето здравје би требало да направи барем толку – да консумира поголема количина зеленчук и овошје. Доволни се 1 батат или два моркови

2927

Луѓето кои во својата исхрана консумираат зголемен број на намирници со поголем процент на витамин А имаат дури 17 отсто помала шанса да развијат друг најчест облик на рак на кожа, онок на плочестите клетки (планоцелуларе карцином), пишува ScienceDaily.

Тие пренесуваат истражување спроведено наугледниот американски универзитет Brown во кој севклучени резултатите од две претходно спроведени опсежни студии. Едната е спроведена помеѓу 1984. и 2012. на 121.700 испитаници, а другата помеѓу 1986. и 2012. на51.529 луѓе.

Испитаниците немале историја на рак на кожа во семејството, а дури 3.978 заболеле од некој облик на карцином. Меѓу нив небиле оие коиконсумирале значително поголема количина витамин А.

Лекарите тврдат дека типот на рак на кој се особено подложни оние со посветол тен може да се спречи со засилена консумација на витамин А, во облик на суплементи или преку исхраната. Познат е како делотворен кога станува збор за здрав раст на клетките, но резултатите од претходните истражувања се поделени.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...