Витаминка за сите жени во компанијата организира бесплатни ехо-прегледи на дојка

Со спроведување на прегледите во самата компанијата, покрај што се прави вистински потег на искрена грижа за здравјето и добросостојбата на жените од сите возрасти вработени во компанијата, уште и се поттикнуваат на самосвесност за потребата од редовни прегледи.

496

Повеќе од 300 жени вработени во Витаминка добиваат преглед со ехо на дојка во просториите на самата фабрика. Ехо-апаратот е поставен во соодветна просторија во компанијата каде неколку дена се извршуваат прегледите. Вработените коишто се пријавиле за преглед, по ехо анализата се консултираат и со медицинско лице и добиваат совети за понатамошни прегледи и за важноста на превентивното дејствување, информираат од компанијата Витаминка.

Со спроведување на прегледите во самата компанијата, освен што се прави вистински потег на искрена грижа за здравјето и добросостојбата на жените од сите возрасти вработени во компанијата, уште и се поттикнуваат на самосвесност за потребата од редовни прегледи. Оваа активност е уште една од низата практики за заштита и унапредување на безбедноста и здравјето во работењето.

Иницијативата за ваквото организирање на прегледите потекна од управата на компанијата:

– Во секојдневното брзање и преокупираност со дневните обврски кон домот, децата и кон професионалниот ангажман, жените многу често себеси и грижата за сопственото здравје ги ставаат во втор план и ги запоставуваат редовните прегледи, кои се и тоа како важни во превенирањето од несакани заболувања. Токму таквиот однос кон сопственото здравје и грижата за секој вработен поединечно, нè поттикна на овој чекор и веруваме дека со истото ќе се охрабрат за поголема грижа и свесност за сопственото здравје – велат од компанијата.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...