Во одредени времиња, мора да се потсетиме на вистините што ние обично ги игнорираме кога работите се одвиваат рутински. Ова е едно од тие времиња, пишува Џон Ибитсон за the Globe and Mail.
Ние сме мирно, толерантно, слободно општество. Ужасното насилство на улицата Yonge Street во Торонто ќе ги зајакне, наместо да ги поткопа овие вистини.
Како што излегуваат сториите – веќе видовме слики и видеа на луѓе кои побрзаа да им помогнат на паднатите, на полицискиот службеник кој се соочи со осомничениот наместо да го убие – ќе ни остане во сеќавање дека насилството врз невините го вади најдоброто од Канаѓаните, а не најлошото.
Врските на доверба се тенчат во САД и во поголемиот дел од Европа. Секоја трагедија станува политичка. Секоја страна укажува на мртвите и извикува: „Виде? Ти си виновен за ова! Твојата страна дозволи да се случи ова“.
Ние не го правиме тоа тука.
Без оглед на можните мотиви на Алек Минасиан, лицето обвинето за извршување на ова злосторство, конзервативците нема да ги обвинуваат прогресивците, ниту прогресивците, конзервативците. Неколку чудаци може да побараат ѕидови и граници, за воспоставување на одредена слобода, за затворање на вратите.
Но, големото мнозинство ќе ги игнорира нивните гневни напади.
Тоа не е она какви сме ние.
Не знаеме зошто се случи ова. Она што го знаеме е дека некој возеше изнајмено комбе по дел од патот и тротоарот во Северен Јорк, удирајќи пешаци. Според бројот на мртви и повредени тоа е еден од најстрашните масовни напади од страна на еден напаѓач во историјата на нашата земја. Но, постојат трагични преседани: пукањето на муслиманските верници во џамија во градот Квебек минатата година; пукање на студенти, особено жени, во École Polytechnique во 1989 година; Dawson College, 2006; La Loche, 2016 и други.
Овој напад веднаш беше означен како недискриминирачки.
Она што е важно, повторно сме колективно повредени. И колективно, ќе се лечиме, како што сме се исцелиле во минатото, со оплакување и поддршка, наместо со обвинувања.
Понекогаш може да е и поинаку. Канаѓаните не се имуни на шарлатани кои ја искористуваат тагата и стравот со спинување на лаги. Тролови ќе ги загадат нашите социјалните медиуми. Луѓе ќе сакаат да се налутите. Луѓе ќе сакаат да обвинувате.
Но, нема да бидете измамени. Затоа што повторно: вистината.
Индексот на сигурни градови на Економист минатата година го означи Торонто за четвртиот најбезбеден град во светот, пред кој било друг град во Северна Америка или Европа. Иако еден од пет Канаѓани не е роден во Канада, ние сме релативно без расни, секташки или идеолошки судири. Фридом хаус ја рангира Канада меѓу најслободните земји на Земјата. И внимавајте: овие резултати не се менуваат многу. Ние сме биле вакви со децении, и покрај повремените усилби на имитатори-напаѓачи.
Оваа хармонија се рефлектира во нашата политичка култура. Токму како што би очекувале, и премиерот Џастин Трудо и лидерот на опозицијата, Ендрју Шир, се јавија во Парламентот, само неколку минути по првите извештаи за нападот, за да кажат дека мислите и молитвите на членовите од двете страни на Парламентот се со жртвите во овие вознемирувачки моменти.
Досегашното искуство сугерира дека, без некои неочекувани истапи, ниедна партија нема да се обиде да ја искористи оваа трагедија за политичка придобивка. Ние не го правиме тоа тука.
Ќе дознаеме многу повеќе во деновите и месеците за тоа која е причината едно лице во изнајмено комбе да се втурне во толпи луѓе во убаво пролетно попладне, убивајќи или повредувајќи десетици. Дел од она што ќе го дознаеме може да нѐ наведе на сомнеж дали сме вистински безбедни.
Затоа треба да се држиме до овие вистини и да ги повторуваме гласно едни на други. Она што се случи на улицата Yonge беше страшно. Но, она што се случи е очигледна реткост тука.
Се разбира, ние не сме имуни на насилен бес. И не боли кога невините ја плаќаат цената. Но, благословени сме да живееме во општество каде што малкумина го чувствуваат тој бес.
Ние нема да дозволиме никој да ни ги одземе нашите мирни, слободни, разнолики, безбедни улици од нас.
Подготви: А.Ј.
ФОТО: твитер