Ако се утврди дека Трамп извршил притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да го истражи Џо Бајден, тогаш единствениот лек е импичмент, изјави шефот на комисијата за разузнавање во Долниот дом на Конгресот, Адам Шиф.
– Ако претседателот во суштина запира воена помош, а во исто време се обидува да заплашува странски лидер за да направи нешто нелегално, да му обезбеди компромитирачки информации за негов противник за време на претседателска кампања, тогаш тоа може да биде единствен лек еднаков на направеното зло – рече демократот Шиф.
Процедурата за импичмент во Претставничкиот дом може да доведе до отстранување на претседателот од функцијата, но на демократите ќе им треба поддршка од републиканците кои се мнозинство во Сенатот.
ФОТО: EPA/ IAN LANGSDON / POOL