Општина Кавадарци од 48 дојде на 3 место кога е во прашање транспарентоста и отчетното работење на општините. Ова попладнево го соопшти градоначалникот Митко Јанчев, на седница на Советот на општината.
Тој изрази задоволство од овој, како што нагласи, значаен напредок на општината и нагласи дека стремежот е Кавадарци да го заземе првото место по транспарентно работење, од вкупно 80 општини.
Појасни дека оценувањето на транспарентноста на општините било во рамките на проект финансиран со европски пари. Рече дека е ова заедничка заслуга на градоначалникот, Советот со претставниците на сите политички партии и администрацијата.
На прво место е општина Штип.