Во Хонг Конг е забележан втор случај во кој човек е заразен од вирус на хепатитис Е по контакт со стаорец, објави „Сајнес алерт“.
Тоа предизвика загриженост кај кинеските лекари, бидејќи еден случај може да биде аномалија или случајност, но појавата на втор случај на зараза значи дека болеста се пренесува меѓу различни видови.
– Хепатитисот од кој заболуваат стаорците многу се разликува од хепатитисот кај луѓето. Мислевме дека нема да се пренесува од стаорци на луѓе – изјави молекуларниот биолог Сидарта Сридар од Универзитетот Хонг Конг.
Човековиот сој на хепатитис Е се пренесува по фекално-орален пат, најчесто преку конзумирање загадена вода во која имало вирус од човечки измет.
Научниците сѐ уште не знаат на кој начин хепатитис Е се пренесува од стаорец на човек, но веројатно придонела и инвазијата на стаорци, со која Хонг Конг се бори со години.
Лекарите претпоставуваат дека лицето се заболило откако јадело храна во која случајно имало измет од стаорец или дека стаорецот го гризнал и така го заразил. Сепак, тие со сигурност не можат да тврдат како се инфицирале двете лица со хепатит Е пренесен од стаорец.