Хаос во најразвиената економија на светот. Основците и средношколците во Јапонија се почесто одбиваат да одат во училиште. Под феноменот познат како „футоко“ се подразбира изостанување од училишната настава подолга од 30 денови од причини кои не се здравствени или финансиски.
Со ширењето на оваа појава се наметнало прашањето дали причината лежи во слабиот училишен систем или пак, во самите ученици.
Би-би-си наведува пример на деветгодишното момче кое со месеци не одело во училиште и пружало голем отпор.
Неговите родители имале три можности: да продолжат да го тераат на училиште надевајќи се дека работите ќе се поправат, да му плаќаат часови дома или пак да го запишат во т.н. отворени училишта.
Ја избрале последната можност. Станува збор за алтернативно образование засновано на принцип на слобода и индивидуалност.
Иницијативата за отворено училиште е уште од 80-те години на минатиот век како одговор на зголомениот број на отсуство од часовите.
Во нив правилата не се строги како во задолжителните училишта, а наставната програма се прави во договор со наставниците, родителите, учениците, со цел да се зголеми интересирањето на учениците и нивните способности.
Како главна причина за изостанување се наведуваат семејните околности, лошите односи со другарите и наставниците како и насилство.
Во тоа, како што наведува и Би-би-си допринесуваат и грубите правила кои неретко и непотребно влегуваат во деталите.
На пример, панталоните мора да бидат црни, косата не смее да биде исфарбана, стегачите за коса мора да бидат во боја која училуштето ја одредува и не смеат да се носат на зглобот од раката, учениците не смеат да носат долги панталони и капут дури и кога времето е ладно…