Компјутерски генериран тридимензионален лик на Владимир Путин ќе биде водител на комична интерактивна емисија на Би-Би-Си, заедно со британскиот политички коментатор Алистер Кембел.
Две кратки пилот-епизоди на шоуто „Вечер со Владимир Путин” ќе бидат емитувани на каналот Би-Би-Си 2 следниот месец и во секоја ќе има по двајца гости.
3-Д анимацијата ќе може да се движи на сцената и да седи зад бирото, поставувајќи им прашања на гостите пред публика во студио и сето тоа во живо.
– Заборавете ја светската политика, двете пилот-епизоди наскоро ќе овозможат разговор и конечна победа на Влад, лидерот на слободниот свет – се вели во најавата.
Во еден од скечевите, виртуелниот Путин се обидува да се справи и со „сложените прашања“ околу феминизмот.
Велика Британија и Русија се во затегнати односи по труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во англискиот град Солзбери минатата година.
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM