Младиот талент на Реал Мадрид, Виничиус Жуниор, откри дека од Барселона пројавувале многу сериозен интерес кон него, но тој го претпочитал „кралскиот“ клуб.
– Барса даваше повеќе, но јас го избрав Реал Мадрид заради подобриот проект. Марсело зборуваше со мене, Каземиро. Многу ми помогнаа – изјави 18-годишниот Бразилец во интервју за „Кадена СЕР“.
Тој се опоравува од повреда, добиена за време на кошмарниот пораз на „белите“ од Ајакс во реванш-дуелот од осминафиналето на ЛШ.
– Мојата состојба се подобрува малку. Работам внимателно во обид да се вратам што е можно поскоро. Кога се случи тоа, чувствував дека нешто се скрши. Се обидов да ја одиграм следната топка, но не можев – рече крилот на Реал.
Тој потоа проговори за Сантијаго Солари, кој му даде шанса да се манифестира во првиот тим, како и за неговиот наследник Зинедин Зидан.
– Солари беше првиот човек што ми веруваше и ми даде можност да играм на високо ниво. Зидан беше одличен играч, и сега тој е многу добар тренер. Ми претставува чест што тој е наш тренер, иако го гледав малку … Од видеата што сум ги гледал, тој е неверојатен – рече меѓу другото Виничиус.
ФОТО: Инстаграм