Вил Смит ќе ја пее химната за Светското првенство 2018

144
Химните на светските првенства секогаш се составен дел на фудбалскиот фолклор. Во спомените на секој фан остануваат настапи како „Едно италијанско лето“ на Џана Нанини и Едоардо Бенато, „Купот на животот“ на Рики Мартин, „Вака Вака“ на Шакира и други.
Химната на Мундијалот 2018 година во Русија ќе ја исполни американскиот актер и пејач Вил Смит.
Ѕвездата од „Мажи во црно“, „Денот на независноста“, „Лошите момци“, „Јас сум легенда“, итн., објави своја слика со пејачот и текстописец Ники Џем, кој работел и со Енрике Иглесијас.
Песната за СП во Русија 2018 ќе биде официјално презентирана за време на викендот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...