Вил Смит на шега отишол на колоноскопија, добил лоши вести ВИДЕО

Вил одлучи да ја истакне важноста на прегледот, но самиот доби резултати што не ги очекуваше.

6673

Актерот Вил Смит на Инстаграм објави видео од својата прва колоноскопија, но не знаеше дека ќе добие лоша вест по прегледот.

– Велат дека не можеш да достигнеш 50 милиони следбеници на Инстаграм без да го покажеш својот задник. Еве јас сум за тоа, правам колоноскопија – се пошегувал актерот.

Потоа, тој објави целосен блог, во кој следи процесот на подготовка за колоноскопија, на која отиде откако неговиот лекар Ал Стенфорд му препорачал да изврши преглед на дебелото црево, бидејќи има над педесет години.

Вил одлучи да ја истакне важноста на прегледот, но самиот доби резултати што не ги очекуваше. Му бил дијагностициран полип, кој се покажал како малигно ткиво, и имало опасност да се развие во тумор. Полипот веднаш бил отстранет и Вил потврди дека сè е завршено.

„2019 е година. Мора да внимаваме на здравјето. Постои одреден срам, но вие мора да го сторите тоа“, истакна актерот, заклучувајќи: „Мислев дека е забавно да се снима ова видео. Не знаев дека ќе се појави полип“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...