Вилјареал има повеќе репрезентативци од Реал и од Барса заедно

292

Шпанскиот селектор Роберт Морено објави список од 24 кандидати за настап на квалификациските натпревари со Норвешка и Шведска, а забележливо е слабо присуство на играчи кои настапуваат за најголемите шпански клубови.

Од Реал Мадрид има само двајца (Рамос и Карвахал), а од Барселона (Бускетс) и Атлетико Мадрид (Саул Њигез) само по еден играч. На пример, еден просечен клуб како Вилјареал има четворица претставници во „црвената фурија“.

На листата го нема младиот Ансу Фати од Барселона, кој треба да има барем еден настап за сениорскиот национален тим, за да се отфрлат сите дилеми и шпекулации околу тоа за која земја ќе игра. Фати кажа дека ја одбрал Шпанија, а татко му ја фаворизира Португалија. Ако еднаш заигра за А тимот на Шпанија, веќе ќе нема да има право да игра за друга земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...