Советот на јавни обивнители денеска ја избра Вилма Русковска, обвинителката која ја водеше истрагата за насилствата од 27 април и сега го застапува обвинението за овој случај, за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје.
Покрај насилствата на 27 април, Русковска ги водеше и истрагите за „Диво Насеље“, „Змиско око“ и „Детонатор“.
На денешната седница на Советот на јавни обвинители беа избрани и шефови на скопското Вишо обвинителство, Мустафа Хајрулахи, во гостиварскто Вишо обвинителство Ислам Абази, за велешкото Основно обвинителство Гордана Тодорова, Елизабета Мишева во Кавадарци и Лиле Талевска за прв човек на битолското Основно обвинителство.