Вилијамс ќе го пропушти првиот ден од тестовите во Барселона

100

Британскиот тим во Формула 1, Вилијамс нема да има време да го подготви својот нов болид ФВ-42 за првиот ден од тестовите во Барселона, објави прес-службата на тимот.

– За жал, моравме да го одложиме почетокот на тестовите пред сезона, до вторник наутро.амс. – Потребно ни е малку повеќе време за подготовка. Нашиот приоритет е да го подготвиме автомобилот најдобро што можеме за првиот излез на патеката, а понекогаш е потребно повеќе време отколку што би сакале. Не е идеална ситуација, но тоа не е крајот на светот, велат од Ф1 тимот на Вилијамс.

Така, на првиот ден од претсезонските тестови во Барселона, кој ќе се одржи утре (18 февруари), на патеката ќе се појават девет наместо десет болиди.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...