Вилата од 5,5 милиони евра на грчки Мелос остава без здив (ФОТО)

1298
ФОТО: МИА

Дури четири тони камен требаше да се отстрани од карпестите падини на југот од грчкиот остров Мелос, за да се обебзеди простор за изградба на величествена крајбрежна камена вила.

Проценетата продажна цена на имотот, наречен „Интернејшанл риалти“, од страна на на Сотби, е 5,5 милиони евра.

Творец на оваа резиденција е архитектот Христос Влахос и таа претставува, како што самиот тој вели „симфонија од камен, море и минимализам“.

Куќата има поглед на Егејското Море, како и кон островите Фолегандрос и Крит,

Иако поголемиот дел од вилата се наоѓа под површината на земјата, огромните отвори на предната страна, прозорците на покривот, како и светлите нијанси кои доминираат во ентериерот ја преплавуваат внатрешноста со светлина.

Сето тоа, едноставно, го отвора просторот и го прави исклучително релаксирачки.

ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...