Виктор Исјановски е нов директор на Здравствен Дом Скопје

1012

Доктор Виктор Исјановски од денеска е нов директор на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје. Досегашниот директор на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ е разрешен вчера, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Владата, посочуваат од Министерството, во рамки на 145. седница, донесе одлука со која предлага да се разреши, отповика или да се препорача разрешување, односно отповикување на директори на јавни претпријатија и установи, на акционерски друштва во државна сопственост, на совети и на управи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...