На интернет се појавија снимки кои наводно покажуваат дека познатото видео за слетувањето на Месечината е лажно, односно дека не е снимено на тој сателит.
На снимката се гледаат космонаути, кои, наводно, шетаат по пустината Невада, а која треба да го претставува Земјиниот сателит.
На таа снимка може да се види екипа сниматели и монтажери како разговараат, студио, рефлектори, авиони, возила кои се многу бучни додека се движат, иако во вакуум е невозможно да се слушне каков било звук. Сето тоа е снимено во Невада.
Основачот на Викиликс Џулијан Асанж неодамно го уапсија, па се шпекулира дкеа ова е негова одмазда и дека вакви снимки поради тоа ќе има сè повеќе.