Викендов топол бран, температурата до 35 степени

250

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно облачно во крајните планински региони ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а максималната температура од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми. Минималната температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 33 степени.

В недела и во понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од вторник ќе биде ветровито со услови за локален пороен дожд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...