Викендов сончево, но со студени утра

Дневните температури до среда ќе бидат во пораст.

102

За време на викендот времето ќе биде сончево, но со ниски утрински температури. Од понеделник повторно се очекува зголемување на облачноста, а веќе во вторник и повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури до среда ќе бидат во пораст.

Утре минималните температури ќе се симнат до -10 степени, а во текот на денот температурата ќе достигне до максимум девет степени. Студено утро ќе има и во недела кога се очекува температурата да падне до -12 степени, а максималната ќе се искачи до 12 степени. Веќе од понеделник и утринските и дневните температури ќе бидат во благ пораст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...