Во Зоолошката градина Скопје викендов првпат ќе се одржи дводневна забава за деца- „Новогодишна Зоо Бајка“. Забавата ќе биде од 12 и од 16 часот. Најмалите посетители ќе имаат можност да уживаат во богата новогодишна програма и во двата дена.
Во сабота и недела од 12 часот е закажана претставата „Новогодишно чудо“ со Дедо Мраз, а потоа дизни јунаците Мики, Мини и Олаф ќе делат подароци за секое дете.
Во едукативниот центар е планирана проекција на анимирани филмови ( Zootopia и Frozen).
Влезниците се по цена од 100 денари( за деца и возрасни) и може да се набават на билетарата на Скопје Зоо, секој работен ден, како и за време на настанот.