Поради изведување градежни работи на булевар „Партизански Одреди“ утре од 8 до 18 часот ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќајот во правец од Центар кон населба Ѓорче Петров, односно на потегот од раскрсница улица „Никола Парапунов“ до раскрсница улица „Иван Цанкар“, соопшти МВР.
Возилата што ќе се движат по булевар „Партизански Одреди” ќе бидат пренасочени по алтернативните улици и тоа по улица „Московска“ кон улица „Васил Чакаларов“ исто така како алтернативна улица може да се користи и улица „Скупи“.
Во недела исто така ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќајот на булевар „Партизански одреди“ во правец од населба Ѓорче Петров кон Центар и тоа од раскрсница со улица „Ѓорче Петров“ (кружен тек) до улица „Никола Парапунов“ .
Возилата што ќе се движат по булевар „Пaртизански Одреди” и улица „Ѓорче Петров“ како алтернативни улици може да ги искористат улица „Васил Чакаларов“ и улица „Скупи“.