Викендов и до 35 степени, од понеделник повторно дожд

300

Под влијание на топла воздушна маса од југ од утре следува период на значително потопло време. Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температурата утре ќе се движи од 10 во Берово до 16 во Гевгелија, додека максималната температура ќе биде меѓу 24 во Маврово до 33 во Гевгелија. Во Скопје слично време со температури од 13 до 30 степени.

За време не викендот не очекува променливо облачно време со температури од 28 до 35 степени. Од понеделник не очекува облачно време со температури од 25 до 33 степени, проследено со грмежи и краткотраен дожд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...