Од утре (31.08.2019 година, сабота) со почеток од 8 часот, па сѐ до недела (01.09.2019 година) до 8 часот, за сообраќај комплетно ќе биде затворен булеварот Крсте Мисирков, на потегот од клучката Бит-пазар до крстосницата со булеварот Гоце Делчев, во насока кон центар (страната кај Бит-пазар). Поради тоа, комплетниот автобуски и моторен сообраќај ќе се одвива преку клучката Бит-пазар, булеварот Александар Македонски, улицата Беласица и булеварот Гоце Делчев.
Утре ќе се асфалтира со завршен слој на булеварот Кочо Рацин и тоа на потегот од раскрсницата со булеварот Кузман Јосифовски Питу до раскрсницата со улицата Свети Кирил и Методиј, во насока кон центарот. За таа цел, оваа коловозна лента ќе биде затворена за сообраќај 24 часа. Автобускиот превоз ќе биде пренасочен кон булеварите Крсте Мисирков, Гоце Делчев и Филип Втори Македонски.
Градот Скопје апелира до граѓаните да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим и поставената патна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот.