Викендов дожд, грмежи и ветер

197

Од утре кон крајот на денот до понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25л/м2), проследени со грмежи, ветер и услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе дува засилен северо-западен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите и ќе има услови за слаб снег на повисоките планини.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...