Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров побарале средба со претседателот Ѓорѓе Иванов, а во четврток најверојатно ќе се сретнат и со претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски , бидејќи тој утре ќе биде отсутен.
Заев најави дека најверојатно викендов ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас за да го потпишат договорот. Се разговарало да биде во грчкиот дел од Преспа, но тоа дополнително ќе се прецизира.